Поврзете се со нас

Светски првенства

Нема ВАР, има проблем: Голот на Гризман требаше да биде поништен поради офсајд (Видео)

Објавено

на

Антоан Гризман постигна атрактивен гол за француската репрезентација, со кој актуелниот светски првак водеше против Украина, но се чини дека судиите не забележаа најмалку една недозволена ситуација во акцијата за погодокот.

Со оглед на тоа што на овој квалификациски натпревар не се користи ВАР технологијата, голот беше признат експресно бидејќи немаше реакција на судиите, но повторените снимки најавуваат проблем.

Во акцијата, додавањето до Павар е упатено кога десниот бек на Франција е во офсајд, а дел од фановите велат дека Гризман играл и со рака при прифаќањето на топката.

Откако ВАР интервенциите почнаа да мерат милиметарски офсајди и да поништуваат погодоци за минимално играње со рака во акцијата, голот на Франција изгледа како „нереален“ за денешниот фудбал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни