Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нејмар го истрола Меси за невообичаената позиција на теренот (Фото)

Објавено

на

Победата на ПСЖ против Манчестер Сити очекувано донесе одлично расположение во соблекувалната на францускиот тим, како и сплотеност на триото големи ѕвезди – Меси, Нејмар и Мбапе.

Лео Меси го постигна својот прв гол во дресот на ПСЖ и тоа на атрактивен начин, па не го криеше задоволството уште со начинот на кој го прослави, елиминирајќи сериозен притисок кој го чувствуваше изминатиов период.

Но, она што исто така им привлече внимание на фановите е улогата на Меси во живиот ѕид на ПСЖ во завршницата од натпреварот, кога Аргентинецот заврши на теренот како фудбалер кој ќе спречи изведување на слободниот удар по земја.

Навистина изненадувачки е да се види Меси во ваква улога, а тоа го знае и Нејмар кој прв јавно го истрола својот соиграч на социјалните мрежи.

– Меси, што правиш таму? напиша Нејмар на објавеното стори на Инстаграм.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни