Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нант и Лазаров го скршија отпорот на упорниот ППД Загреб

Објавено

на

Нант го победи ППД Загреб (30:28) во натпревар од ракометната Лига на шампиони и дуелот на новиот и поранешниот македонски селектор.

Кире Лазаров овој пат како играч на Нант беше поуспешен од Ивица Обрван, кој дебитираше на клупата на хрватскиот првак со пораз.

ППД Загреб не се предаваше до крајот на средбата и одржуваше неизвесност, гостите дури и водеа на полувреме (13:14), но на крајот поуспешен беше Нант.

Францускиот тим беше подобар во завршницата, Лазаров одлично ги разигруваше своите сограчи, а Нилсен со две клучни одбрани во последните минути стави точка на натпреварот.

Лазаров постигна 3 погодоци, додека Ривера беше најефикасен кај Нант со 10 голови, а на спротивната страна, Мандиќ и Хрстиќ го завршија натпреварот со по 5 голови.

Загреб го забележа дванаесеттиот пораз од исто толку натпревари во групата, додека Нант стигна до петта победа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни