Поврзете се со нас

Репрезентација

Најава за ждрепката во Париз: Македонија чека ривали од третиот шешир

Објавено

на

УЕФА денеска заседава во Париз и се води закажаниот Конгрес во овој момент, а за подоцна вечерва е закажана и ждрепката за новото издание во Лигата на нации.

Ова натпреварување ќе се игра во втората половина на 2024-та година, во кое Македонија ќе се натпреварува во „Лигата Ц“ и ќе чека противници од третиот шешир.

Извлекувањето е закажано за 18:00 часот во француската престолнина и Македонија е во ист барабан со Словачка, Северена Ирска и Кипар, па од сите можни противници, најдобри би било да се избегнат Романија и Шведска кои треба да бидат носители во своите групи.

Прв барабан: Романија, Шведска, Ерменија, Луксембург;
Втор барабан: Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови;
Трет барабан: Македонија, Словачка, Северна Ирска, Кипар;
Четврти барабан: Белорусија, Литванија/Гибралтар, Естонија, Летонија;
Македонија има навистина позитивна историја со ова фудбалско натпреварување на УЕФА, бидејќи преку истото го обезбедивме историскиот настап на Европското првенство.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни