Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ прими 59 поени за едно полувреме и загуби од Цедевита Јуниор

Објавено

на

foto:twitter.com/ABA_League2

Екипата на МЗТ Скопје доживеа пораз од Цедевита Јуниор од 92:79 во првиот меч во новата сезона во АБА2 лигата.

Македонскиот првак важеше за фаворит на хартија со оглед на квалитетот, искуството и историјата во јадранското натпреварување, меѓутоа хрватскиот претставник покажа далеку повеќе на теренот и сосема заслужено победнички го отвори турнирот во Суботица.

Избраниците на Атанасов примија дури 59 поени во првото полувреме што е навистина многу против овој ривал и оваа конкуренција. Цедевита на пауза имаше предност од 16 разлика (59:43) и потоа истата знаеше како да ја одрани во продолжението во кое „металците“ одиграа далеку подобра одбрана, ама недоволно за да се направи нешто повеќе на оваа пресметка.

Стојановски и Расел искомбинираа 30 поени, Ворку уфрли 12, а Танасковиќ 11 кошеви.

Кучиќ пак со 22 кошеви беше прво име кај победникот. МЗТ се соочува со Пелистер во второто коло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни