Поврзете се со нас

Свет

Мурињо им испрати моќна порака на Реал и Анчелоти по пласманот во четвртфиналето (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ASRomaEN

Жозе Мурињо се врати во Шпанија за да извршува задача како тренер на Рома, земја во која мина навистина убави и посебни моменти како тренер на Реал Мадрид.

Кам-бекот на Пиринеите заврши добро за португалскиот стручњак кој со својата Рома успеа да се одбрани на гостувањето во Баскија, каде Реал Сосиедад не успеа да даде ниту еден гол и не внесе неизвесност во осминафиналниот двомеч.

Рома со вкупен резултат од 2:0 патува во четвртфиналето во Лигата на Европа, но при давањето интервју за шпанските медиуми, Жозе не пропуштил шанса да испрати порака до Реал Мадрид и Карло Анчелоти.

„Кралевите“ во средата вечерта го елиминираа Ливерпул во осминафиналето, па остануваат во игра и за 15-та титула во Лигата на шампионите.

– Реал Мадрид е клуб кој е во моето срце, а Анчелоти е тренер кој е мој пријател. Голем е Реал и голем е Карлето, да видиме дали ќе победиме во финалето…., – изјави Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни