АТП
Муратоглу направил анализа: Има два типа на Ѓоковиќ во грен-слем финалињата

Новак Ѓоковиќ продолжи да бележи одлични резултати на најголемата тениска сцена каде пред неколку денови дојде до 24. грен слем во кариерата и тоа на Ју-Ес Опен.
Србинот го реши Данил Медведев и со тоа додаде уште еден голем резулат, резултат кој тешко дека ќе биде стигнат затоа што сега има две титули повеќе од Рафаел Надал за кого ќе видиме како ќе изгледа кога ќе се врати на терените.
Патрик Муратоглу како еден од најценетите тениски стручњаци внимателно ги прати сите случувања, па според неговата анализа има два типа на Ѓоковиќ во завршните мечеви на најголемите турнири.
-Има два типа на Ѓоковиќ во грен-слем финалињата. Го имате Новак кој доаѓа да победи и кога игра најдобро, тогаш е најдобар играч на светот. Тука е и Новак, кој доаѓа да не загуби: може да се победи, исклучително е тешко, но е победлив, -рече Патрик кој истакна една нова карактеристика во играта на Србинот.
-Тој многу ја користеше сервис волеј играта. Тоа е нешто што тој го додаде во последно време. Во повеќето клучни поени играше сервис-волеј, го искористи тоа што Данил беше далеку и така доаѓаше до поени. Исто така, излегуваше на мрежа за да ги скрати поените, -истакна Французинот.
-
Англијапред 21 час
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 20 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 20 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 20 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 18 часа
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 9 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Германијапред 19 часа
Фановите на Баерн испратија порака прекинувајќи го куп дуелот со тениски топчиња (Видео)