Поврзете се со нас

АТП

Муратоглу направи споредба меѓу Ѓоковиќ и Федерер: Разликата е голема…

Објавено

на

Патрик Муратоглу е еден од тренерите кој е многу ценет во светот на тенисот како кај мажите така и кај дамите, а во исто време Французинот е човек кој често знае од стручен агол да искоментира актуелни теми, случувања и со тоа да се најде во фокусот на јавноста.

Новак Ѓоковиќ дефинитивно ја одбележа оваа година кога е во прашање машкиот тенис, односно и на овие години покажа дека може да доминира, да гази на најголемата сцена. Во јавноста се појавија одредени споредби на тоа што Ноле и Рожер Федерер го имаат направено во иста фаза на кариерата, но за Муратоглу тука нема дебата затоа што Србинот има далеку подобри резултати.

-Често слушам дека она што го направи Рожер меѓу 2017 и 2019 година е исто толку добро како она што го прави сега Новак и дека Рожер во 2017 или 2018 година бил подобар играч од претходно.

-Сепак, мислам дека има голема разлика. Мислам дека на некој начин Рожер беше подобар играч во 2018 година отколку пред 10 години. Поточно, има една причина. Неговиот бекхенд, тој одлучи да ја удира топката многу порано на бекхенд и да ја враќа директно наместо со слајс. Но Федерер не успеа да освои три од четири грен слемови и постојано беше чекор понапред од другите во текот на целата сезона. Тоа не се случи. Новак е физички на истото ниво денес како и на 26. Тоа е голема разлика затоа што кога си на тоа ниво физички, можеш да бидеш константен во текот на целата сезона и да ги победиш противниците, -истакна Муратоглу.

Само за потсетување, Ѓоковиќ во минатата сезона освои 7 титули на 12 турнири на кои настапи и победи на 56 од 63 натпревари.

Како аргумент во корист на Федерер често се зема 2017 година која тој ја започна со освојување на Австралија опен, првиот грен слем по пет години, а заврши со 54 победи и само 5 порази. Таа година освои седум титули, вклучувајќи го и Вимблдон покрај успехот во Мелбурн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни