Европски првенства
Мукаетов: Македонските ракометарки заслужуваат поддршка, вредат повеќе од турбофолк ѕвездите

Македонската женска ракометна репрезентација денеска го започнува настапот на Европското првенство, на кое нашата земја е кодомаќин.
Тоа значи и ретка привилегија да се играат натпреварите од првата фаза пред домашна публика, а исто така и посебна чест за македонскиот ракомет и државата да биде организатор на вака елитен настан.
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, во вчерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ зборувал за првенството, но и за повисоката цена на билетите. Цената е наметната од ЕХФ, а нашата федерација направи навистина голем гест субвенционирајќи 40 проценти од цената на билетите за нашите фанови.
– Првичната идеја на ЕХФ беше цената на билетите да биде 35 евра, што за нас беше неприфатливо. Нашиот максимум беше да излобираме најевтините карти да бидат 15 евра, а потоа со спонзорите на федерацијата дојдовме на идеја да овозможиме попуст од 40 проценти за да се добие попристојна цена.
– Апелирам сите наши сограѓани да дојдат во сала, да им дадеме поддршка на нашите ракометарки, сепак е Европско првенство, се игра во Македонија и треба да застанаме зад нив. Исто така, да бидеме реални, на граѓани од одредена структура не им е проблем да платат 800, 1000 или 1200 денари за некоја турбофолк ѕвезда. Мислам дека нашите девојчиња вредат многу повеќе од тие турбофолк ѕвезди, – истакнал Мукаетов.
Македонија денеска го започнува настапот во С.Ц Борис Трајковски со дуелот против Франција од 18 часот.
-
Англијапред 22 часа
Јунајтед знае што ќе прави со Гринвуд до крајот на сезоната
-
Балканпред 22 часа
Тренерот на Партизан пријави за исчезнат познат првотимец, клубот режираше голем циркус во Србија
-
Светпред 20 часа
Шокантно видео од Белгија: Поранешен играч на Лацио полетал во воздух со автомобил и пробил ѕид од спортска сала!
-
Шпанијапред 24 часа
Куман: Лапорта ме излажа дека Меси ќе потпише нов договор со Барселона
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона ќе одмори од „Камп Ноу“: Каталонците ја известија Ла Лига дека наредната сезона ќе играат на друг стадион
-
Англијапред 21 час
Руни откри дека има свој фаворит во шампионската трка меѓу Арсенал и Сити
-
Балканпред 19 часа
Мијатовиќ за својот сакан соиграч: Повеќе спиев со него, отколку со мојата сопруга
-
Балканпред 17 часа
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска