Поврзете се со нас

Шах

Младинците на ШК Алкалоид освоија медал во секоја категорија на државното екипно првенство

Објавено

на

Младите шаховски таленти кои ги изучуваат тајните на древната шаховска игра во рамки на ШК Алкалоид се враќаат со медали во секоја категорија во која настапуваа на екипното државно првенство за јуниори на Македонија.

Согласно пропозициите, најмладите играа со темпо на игра од 30 минути по играч, плус 30 секунди за секој потег, додека во повозрасните категории се играше со темпо од 60 минути по играч и 30 секунди за секој одигран потег.

Исклучително надежната генерација младинци до 18 години го освои златниот медал во најжестоката категорија до 18 години, каде што имаше пријавено 7 екипи. Од можни 24 поени во исто толку одиграни партии, Јовановски, Велкоски, Табаковски и Бојковски освоија 19,5 поени, при што може да се нагласи дека на четвртата табла Матеј Бојковски имаше 100% учинок или 6 поени од 6 партии.

Континуираната работа со врвните велемајстори од нашиот најтрофеен шаховски колектив, како и учества на европски и светски првенства за младинци и кадети, овозможи генерацијата на играчи до 16 години да освои бронзен медал, при што Јована Давиткова на четвртата табла исто така имаше максимален учинок и освоени 4 поени од четири партии.

Генераците до 14, 12, 10 и 8 години освоија сребрен медал, при што поединечните проблесоци и настапи на одредени играчи без пораз сепак не беше доволно за комплетен триумф.

Дополнително, беше организиран и посебен турнир за девојчиња до 8 години, на кој беа пријавени четири екипи, но без учество на ШК Алкалоид.

Табела на освоени медали

Екипи

Злато

Сребро

Бронза

Алкалоид

1

4

1

Гамбит

4

Центар

1

1

Шах Шех

1

Ласкер

2

Капабланка

1

Цареви кули

1

Куманово

1

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни