Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Митревски со Топ 5 одбрана на колото, меѓу најдобрите е и Гедбан од Пелистер (ВИДЕО)

Објавено

на

Искусниот македонски голман, Никола Митревски имаше свое шоу на вчерашниот меч против ГОГ во Лигата на шампионите, партија со која овозможи неговиот Порто да направи комплетен пресврт и да слави со 32:31.

Митревски ја „спушти ролетната“ и му донесе победа на Порто

Митревски имаше 56,52 проценти на одбранети удари, а токму една негова мајсторија се најде во Топ 5 изборот на колото на медиа тимот на ЕХФ.

Двојната интервенција на Никола беше доволна за третата позиција зад Портнер од Магдебург и Коралес од Веспрем.

Во Топ изборот имаше место и за членот на Еурофарм Пелистер, Калифа Гедбан.

Овде можете да ги погледнете најмоќните одбрани на 6. коло во елитното натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни