Поврзете се со нас

Шпанија

Мирниот Тер Штеген го крена гласот: Ова е голем срам за светот во кој се вртат многу пари!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Марк Андре Тер Штеген е еден од најприбраните играчи на Барсеона и во најтешки ситуации, па ако пред неколку дена беше најрезервиран за абритражата на дуелот против ПСЖ и даде искрен коментар за фаулот на Араухо, сега сепак не можеше да се воздржи по контроверзата која ја видовме на големото „Ел Класико“ дерби.

Барселона загуби од Реал Мадрид со 3:2 и практично се реши прашањето околу тоа кој ќе ја освои титулата, но германскиот чувар на мрежата не штедеше критики кон водечките луѓе на шпанскиот фудбал, кој според него треба да се засрамат зошто не овозможуваат расветлување на спорни ситуации како онаа од 29-та минута.

Ламин Јамал добро се снајде по еден корнер и испрати удар кон голот, а додека играчите на Барса тврдеа дека топката ја минала гол линијата, судиите проценија дека Лунин изреагирал навреме на гол линијата.

– Ова е вистински срам за фудбалот, ми недостасуваат вистински зборови за да објаснам што чувствувам. Во фудбалскиот свет се вртат многу пари, но нема пари за најважното, да се расчистат спорните ситуации.

– Имаше многу контроверзни одлуки, ова е тежок удар за нас и ние секогаш на крајот треба да се гледаме себеси. Не бевме на ниво во дефанзива и титулата во Ла Лига веќе е во нивни раце, – изјави Тер Штеген.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни