Поврзете се со нас

Италија

Милинковиќ-Савиќ го однесе Лацио во Лигата на шампионите и порача каде ќе игра следната сезона

Објавено

на

Српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ- Савиќ постигна фантастичен гол на вчерашниот натпревар против Болоња кој Лацио го доби со 2:1 и по кој и дефинитивно обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Клубот од главниот град на Италија за прв пат по подолг период ќе игра во најелитното европско натпреварување, а тоа ќе им помогне да ги задржат и најдобрите фудбалери.

Таков е случајот и со Сергеј Милинковиќ- Савиќ кој се поврзуваше со заминување од клубот, но кој веројатно ќе остане во Рим по успехот оваа сезона.

– Имам валиден договор со Лацио, а мојот агент ќе се погрижи за останатото. Можам да кажам дека останувам овде за да играм Лига на шампиони.

– Отсекогаш сум имал цел да играм во Лигата на шампионите со тимот на Лацио и еве конечно тоа ќе се оствари. Добро ми е овде и затоа останувам, -изјави Милинковиќ- Савиќ со што ги отфрли сите сомнежи за неговата иднина.

Претходно неговото име се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и ПСЖ кои беа подготвени да издвојат големи пари за неговите услуги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни