Поврзете се со нас

Италија

Милан бесплатно ќе му украде голем талент на Партизан

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Матија Поповиќ е фудбалер на Партизан чиј договор истекува на крајот на декември, а кој сега е многу блиску до трансфер во редовите на Милан.

Италијанските медиуми тврдат дека за потписот на 17-годишниот српски репрезентативец се борат неколку европски клубови, но барем засега „росонерите“ биле најубедливи кај семејството и агентите на големиот талент.

Поповиќ е плејмејкер кој може да игра и како напаѓач, а сезонава издоминирал во српската кадетска лига со 21 гол на 25 натпревари.

Првично, Поповиќ би бил вклучен во Примавера тимот на Милан, но главна амбиција на клубот и фудбалерот ќе биде што побрза промоција во првиот тим, во моментов предводен од Стефано Пиоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни