Поврзете се со нас

Македонија

Металург потврди дека е откажан натпреварот со Вардар

Објавено

на

Foto:facebook.com/rkmetalurgofficial

Ракометниот клуб Металург се наоѓа во многу комплицирана состојба и веројатно ќе биде суспендиран од Ракометната федерација на Македонија.

Клубот од „Автокоманда“ денеска со кратко соопштение потврди дека средбата со Вардар закажана за вечерва е откажана, а утре ќе одржи прес-конференција.

Последните информации велеа дека ЕХФ побарал од нашата федерација да ја активира суспензијата за Металург и на домашната сцена, а овој статус е променет непосредно пред почетокот на плејофот во македонската лига.

Причина за суспензијата од страна на ЕХФ се неподмирените долгови кон ракометарите и тренерите изминатиот период, а новиот статус ја доведува во прашање и иднината на клубот со многу трофеи на домашната сцена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни