Поврзете се со нас

Свет

Меси се врати и постигна гол, Интер Мајами повторно освои само бод (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/InterMiamiCF

Лионел Меси им помогна на своите соиграчи да направат пресврт на МЛС дуелот со Колорадо, но Интер Мајами мораше да се задоволи само со бод (2:2) на уште еден натпревар од домашното првенство.

Аргентинецот немаше настап од 13. март и влезе од клупата во вториот дел, а по само 12 минути, ја искористи првата сериозна шанса да донесе израмнување за Интер Мајами.

Само две минути подоцна, Меси учествуваше во акцијата во која реализираше Леонардо Афонсо, а Интер Мајами направи пресврт, но гостите израмнија во 88. минута, постигнувајќи ги конечните 2:2.

Меси сезонава има 5 гола на 5 одиграни натпревари во дресот на Интер Мајами, додека на оваа средба не настапи Луис Суарез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни