Поврзете се со нас

Шпанија

Меси дел од специјално видео: Оддалеченоста од фудбалските терени ме натера да размислувам

Објавено

на

Со своите последни мајстории кои ги режира на тренинзите, Лионел Меси јасно става до знаење дека е посебно „наострен“ за враќање на фудбалските терени, желба која ќе му се исполни утре.

Барселона ќе и гостува на Мајорка утревечер во 22:00 часот, а како најдобра најава за овој дуел, денеска пристигна едно специјално промотивно видео од „Адидас“.

Германскиот супер бренд долги години го користи Меси како свој заштитен знак и го следи Аргентинецот уште од самите почетоци во професионалниот фудбал, па така сега германската компанија сподели промотивно видео со неколку реченици од ѕвездата на Барса.

– Оддалеченоста од фудбалските терени ме натера да размислувам. Како и секој друг фудбалер, сакав само да се вратам на терените и да почнам да играм.

– Играњето фудбал е премијна за мене, а со луѓето кои постојано не следат е уште поинтересно. Инспирираме други и нас не инспирираат други. Најважниот трофеј е да бидеме сите среќни заедно. Сега, кога се враќа фудбалот, подготвен сум повторно да тргнам по тој трофеј…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни