Поврзете се со нас

Формула 1

Мерцедес провоцира по победата во Бразил: Казна од 25 места, нема проблем!

Објавено

на

Луис Хамилтон победи на Формула 1 трката во Бразил, доминирајќи на патеката со освежениот болид кој доби нов мотор во пресрет на овој натпревар на „Интерлагос“.

Актуелниот шампион беше неверојатно брз и во квалификациите и во вчерашната спринт трка, а неговиот болид покажа идентична моќ и на трката на која уште по првиот круг се најде на третото место.

Хамилтон до крајот се најде на првото место, а по завршувањето на трката не го криеше големото задоволство откако победи по долго време, а задоволството се чувствуваше и кај Тото Волф и сите во гаражата на Мерцедес. Ова посебно поради незадоволството од вчера заработената казна пред спринт трката.

По трката, Мерцедес преку својот Твитер профил испрати мала провокација до ривалите од Ред Бул, но и до стјуардите.

– Казна од 25 позиции. Нема проблем, тој е Луис Хамилтон, – напишаа од Мерцедес, алудирајќи на казните кои ги доби Хамилтон овој викенд.

Првата од пет позиции беше поради промената на моторот, а втората да стартува од опашката на спринт трката поради технички неправилности на ДРС системот во квалификациите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни