Поврзете се со нас

Германија

Менаџерот на Мане жестоко го нападна Баерн: Им беше тешко што даваат толку пари на играч со таква боја на кожата!

Објавено

на

Садио Мане на доста непосакуван начин ја заврши својата авантура во Баерн Минхен и самиот нагласи дека жали за предвремениот прекин на соработката, кој сепак беше неизбежен после лошата сезона на Сенегалецот во Германија, но и инцидентот кој го предизвика со Лерој Сане.

Поранешната ѕвезда на Ливерпул имаше сезона за заборав во Минхен и тоа го трасираше патот кон милионски трансфер во Саудиска Арабија, каде Мане веќе позираше и се претвори во нов соиграч на Кристијано Роналдо во Ал Наср.

Мане засега се уште молчи и не дава изјави за последните неколку месеци кои ги мина во Баерн, но затоа пристигна жесток напад од неговиот менаџер за односи со јавност, кој потврди дека Садио бил расистички навреден од Сане кога двајцата режираа циркус во соблекувалната.

– Продавањето на Мане не беше фудбалска одлука од Баерн. Тоа што ги вознемируваше Германците беше платата која ја добиваше Садио, не сакаа да се помират дека фудбалер од Африка им е најскапо платен играч и затоа сакаа да се ослободат од него. Бојата на кожата на Мане не го загрижуваше само Сане, ги загрижуваше и водечите луѓе на Баерн. Не можеа да се помират што тој добива највисока плата во првиот тим, – вели Бакари Сисе, алудирајќи на договорената сума од 20 милиони евра по сезона.

– Луѓето од Баерн никогаш не се јавија на неговите претставници, никогаш не го повикаат очи в очи за да му кажат дека е на продажба. Само го испратија Тухел кој глумеше кукла во дадената ситуација. Томас му кажа дека ќе биде трет избор и дека тоа е ставот на клубот. Садио немаше што да им докажува на Германците, тој стана тоа што стана благодарение на Ливерпул, а не благодарение на Баерн. Баерн покажа дека е неблагодарен, ги болеше што мораа да даваат толку многу пари на африкански фудбалер. Садио остана професионален до последниот ден, но луѓето во Баерн не беа фер, – заклучува ПР-менаџерот на Мане.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни