Поврзете се со нас

Боречки спортови

МекГрегор обвинет за сексуален напад во тоалет во арената на Мајами Хит

Објавено

на

Големата УФЦ ѕвезда, Конор МекГрегор доби сериозно обвинување за сексуален напад, кое наводно го извршил по дуелот меѓу Мајами и Денвер во финалето на НБА плејофот.

Американската полиција добила пријава од жртвата, според која МекГрегор ја принудувал на сексуален чин во еден од тоалетите и тоа со помош на обезбедувањето.

Информациите до кои дошле медиумите навестуваат дека лица од обезбедувањето ангажирани од НБА и Мајами му помогнале на МекГрегор да се најде во „изолирана“ позиција со девојката, која претходно исто така била во арената и го следела натпреварот.

Девојката успеала да се извлече од незгодната ситуација, но ја заборавила својата чанта, која подоцна успеала да ја добие од членовите од обезбедувањето.

Претставник на МекГрегор демантира дека се случил ваков настан, но УФЦ и Мајами најавија дека внимателно ја следат ситуацијата и истрагата, во која се вклучени и снимки од камери во арената.

ММА ѕвездата претходно ја нокаутираше маскотата на Мајами, која заврши во болница по повредите заработени од „перформансот“ на МекГрегор на полувремето на натпреварот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни