Поврзете се со нас

АТП

Медведев за големата шанса која ја пропушти: Еден поен менува цел меч….. (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/usopen

Данил Медведев имаше само позитивни и убави зборови за Новак Ѓоковиќ додека двајцата беа еден до друг за време на церемонијата, но подоцна во прес-центарот даде поопширна анализа на поразот кој сигурно ќе го боли уште некое време.

Русинот го победи Ноле пред две години во финалето на Ју-Ес Опен и го спречи во намерата да комплетира календарски слем, но вчера Србинот се погрижи за слатка одмазда и победи за 24-та грен слем титула со триумф од 3:0.

Медведев беше во подредена улога во првиот и третиот сет, но вториот го одигра на највисоко можно ниво и не реализираше една сет топка при резултат 6:5 и покрај тоа што имаше отворена бекхенд паралела.

Медо го посочи овој момент како клучен за поразот, бидејќи не знае како Ноле ќе одговорел на физички план доколку тој успеел да израмни на 1:1.

– Навистина ми е жал за вториот сет, требаше да го освојам, но тенисот некогаш не е лесен спорт. На сет топка требаше да одиграм бекхенд паралела, но ја погрешив страната и го погодив него. Беше нормално што потоа мечот отиде во негов правец. Во првиот и третиот сет беше подобар од мене, да го добиев вториот сет, мечот можеше да оди во друг правец. Еден поен менува цел меч во тенисот. Таков е тенисот, ќе пробам да бидам подобар следниот пат.

– Новак беше изморен на крајот од вториот сет, го притиснав и доминирав и требаше да го добијам тој сет. Требаше да бидам и поблиску на ритерн на негов сервис, но бев тврдоглав и не остварив посакуван резултат. Еден удар ме делеше од сет и тоа можеше да го промени текот на мечот, жалам само за тоа, – изјави Медведев.

Поенот е на 1:35 од видеото:

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни