Поврзете се со нас

АТП

Медведев го „оддува“ Рубљов и дојде до пехарот во Дубаи (ВИДЕО)

Објавено

на

Данил Медведев е победник на АТП турнирот од серијата 500 што се играше во Дубаи, турнир на кој дојде до пехарот откако во финалето го преслуша сонародникот Андреј Рубљов со 2-0 во сетови.

Медведев беше на висина на задачата и за нешто повеќе од еден час игра го реши Рубљов со 6-2 и 6-2. Со ова Данил ја потврди страшната форма со оглед на тоа што дојде до пехарот без притоа да не загуби ниту еден сет, односно успеа да го комплетира хет-трикот со оглед на тоа што изминативе седмици беше најдобар и во Ротердам и Доха.

Со ова Русинот стана трет играч од 2021 година кој во три недели успеал да дојде до три пехари, поточно им се приклучи на Каспер Руд и Феликс Оже Алијасим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни