Поврзете се со нас

АТП

Медведев го најави финалето со Рубљов на урнебесен начин (Фото)

Објавено

на

Данил Медведев стигна до голема победа во полуфиналето на турнирот во Дубаи, совладувајќи го првиот фаворит Новак Ѓоковиќ, а веќе денеска го очекува уште еден предизвик.

Саботното финале во Дубаи му носи соочување со сонародникот Андреј Рубљов, тенисер со кого се познава уште од почетоците на тениската кариера.

Руските асови често се среќавале и како ривали на турнирите, а токму една заедничка фотографија по одигран меч е искористена како најава за финалето од страна на Медведев.

Алудирајќи на изразите на лицата на фотографијата, Медведев истакна дека „двајцата биле екстра возбудени кога играат меѓусебен дуел уште како деца“.

Финалето денеска започнува од 16 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни