Поврзете се со нас

Франција

Мбапе со голема доза на ароганција кон соиграч: Не ми се извинувај, дај ми една добра топка (Видео)

Објавено

на

Егото на Килијан Мбапе направи одредени проблеми во редовите на ПСЖ на стартот на сезоната и тоа мораше да го решава Кристоф Галтие со вонреден состанок во шест очи со него и Нејмар, но младиот напаѓач се почесто е под „лупа“ на француските медиуми и се погласно се зборува за неговото однесување кон соиграчите.

Мбапе демонстрираше завидна себичност на натперварот против Јувентус и не му додаде на Нејмар кој беше осамен на спротивната страна, но сега медиумите откриваат и видео кое доловува дека Килијан бил арогантен и кон соиграчот кој му го намести вториот гол.

Ашраф Хакими го проигра напаѓачот при голот за водство од 2:0, но сепак не бил поштеден од критики за време на паузата меѓу двете полувремиња.

Камерите од подтрибинскиот простор на „Паркот на принцовите“ ја откриваат конверзацијата која ја имале двајцата

Мбапе: Се колнам, погледни го видеото….
Хакими: Ако е така, тогаш извини…..
Мбапе: Не е доволно да ми се извинуваш, дај ми една добра топка, – гласи конверзацијата меѓу двајцата фудбалери, кои инаку важат за најдобри пријатели во соблекувалната на ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни