Поврзете се со нас

Франција

Мбапе превртуваше очи кога беше заменет, Енрике испрати порака: Секоја недела…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_Inside

Пари Сен Жермен успеа да слави над Олимпик Марсеј иако поголемиот дел од натпреварот мораше да го игра со играч помалку по исклучувањето на дефанзивецот Бералдо.

Гостите од Париз дадоа два гола во вториот дел преку Витиња и Рамош и на тој начин дојдоа до славје од 2-0, вкупно 18. во сезоната со што се чекор поблиску до одбрана на пехарот во Франција.

„Светците“ со 50 славје во дерби пресметките: ПСЖ и со играч помалку го освои „Велодром“ (ВИДЕО)

Килијан Мбапе беше стартер на овој дуел, ама беше активен само до 64 минута со тоа што кога требаше да ја напушти играта почна да превртува очи што е јасен сигнал дека беше незадоволен од одлуката на тренерот Луис Енрике кој пак по завршувањето на средбата на „Велодром“ доби прашање за напаѓачот по што даде одговор во негов стил.

-Луѓето не се согласуваат со мојата одлука? Не ми е гајле. Секоја недела е иста музика, иста музика… досадно е. Јас сум менаџер. Носам одлуки секоја недела. Давам се од себе за ПСЖ, тоа ќе го правам до последниот ден во Париз, -порача Лучо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни