Поврзете се со нас

Франција

„Светците“ со 50 славје во дерби пресметките: ПСЖ и со играч помалку го освои „Велодром“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/LucasHernandez

Фудбалерите на Пари Сен Жермен изборија победа над Олимпик Марсеј од 2-0 во дерби средбата од 27. коло во францускиот шампионат.

Гостите од Париз потврдија зошто се актуелни лидери и шампоните, па против лутиот ривал дојдоа до трите бода и со играч помалку на теренот. Имено во 40 минута беше исклучен бразилскиот дефанзивец Бералдо, па тренерот Луис Енрике мораше да направи одредени поместувања кои дадоа резултат во вториот дел.

Во 53 минута Витиња го отвори резултатот на асистенција на Дембеле. Домаќините набрзо постигнаа гол, ама истиот беше поништен поради офсајд за да во 85 минута ново влезениот Рамош стрела за 2-0 и за потврда на 50. победа за ПСЖ во соочувањата со Марсеј.

Со 62 бода ПСЖ е далеку пред сите на табелата, втор е Брест со 50, а трет Монако со 49 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни