Поврзете се со нас

Англија

Лопетеги извиси во Италија, сега преговара со премиерлигаш

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wolves

Хулен Лопетеги беше блиску до преземање на италијанскиот великан Милан, но незадоволството на фановите направи доволен притисок за раководството на „росонерите“ да се повлече од ваквата идеја.

И додека Милан и натаму бара замена за Стефано Пиоли, шпанскиот стручњак го префрлил својот фокус на преговори со екипа од Премиер лигата.

Англиските медиуми пренесоа дека Лопетеги имал состанок со претставници на Вест Хем и сега е најсериозен кандидат за нов менаџер на лондонскиот тим, кој подготвува отказ за Дејвид Мојс.

Менаџерската функција во Вест Хем е атрактивна за повеќе тренери, но раководството сега го ставило Лопетеги на пол-позицијата за добивање на работата, нешто што ќе може да биде потврдено дури откако ќе заврши сезоната.

Лопетеги последно работеше како менаџер на Волвс, а ги напушти „волците“ поради незадоволството од трансфер стратегијата на премиерлигашот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни