Поврзете се со нас

Свет

Мартинез го повика Роналдо: Очекувам да го пренесе своето искуство

Објавено

на

Интернационалните обврски кои следат за фудбалерите од Европа ги принудија селекторите да ги објавуваат своите листи за претстојните натпревари, а првата во своета етапа како селектор на Португалија ја соопшти и Роберто Мартинез.

Доскоршениот селектор на Белгија го наследи искуснииот Фернандо Сантош и го презема кормилото на селекцијата која доживеа големо разочарување на Светското првенство, кое за многумина требаше да биде и последен настап за Кристијано Роналдо во репрезентацијата.

Промената на селектор според многумина требаше да значи и крај на ерата на Роналдо како капитен, но засега фудбалерот на Ал Наср останува во тимот и доби повик од страна на селекторот.

– Зборував со Роналдо и тој е многу поврзан со репрезентацијата. Може да ни донесе искуство, тој е играч кој е многу важен за нашиот национален тим.

– Јас не ги гледам годините, ги гледам останатите аспекти. Кристијано има можност да му помогне на тимот и да го пренесе своето искуство на другите играчи. Сите 26 кои се повикани, имаат можност да покажат дека треба да бидат дел од овој тим, – изјави Мартинез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни