Поврзете се со нас

Формула 1

Марко: Хамилтон доби „ракета“, Ред Бул мора да најде одговор

Објавено

на

Новиот мотор на Луис Хамилтон се покажа како клучен во битката за победата на „Интерлагос“, а неговиот ривал Макс Ферстапен немаше одговор за брзината на Британецот.

Хелмут Марко како важен член во тимот на Ред Бул не ги крие стравувањата дека новиот мотор на Мерцедес може да го одреди и новиот шампион во Формула 1.

– Немаме видено мотор како тој на Мерцедес последниве години.

– Тие направиле мајсторско решение и болидот е како ракета на правците. Ние ја разгледуваме ситуацијата и комуницираме со инженерите на Хонда, ако работите останат вака, тоа нема да биде добро за првенството, – изјавил Марко.

Следниот дуел на Хамилтон и Ферстапен е закажан за во Катар, а пред него Холанѓанецот има предност од 14 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни