АТП
Мари: Алкарас е неверојатен, но Ѓоковиќ е нешто сосема друго

Енди Мари во живо го следеше поразот на Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон, но Британецот уште тогаш најави дека не е дојдено до смена на генерации и нагласи дека Србинот ќе продолжи да се бори за сите грен слем титули во иднина.
Поранешниот светски рекет број еден водеше жестоки битки со Ноле во своите најдобри играчки денови, а сега како тенисер кој има послаб ранкинг, со големо воодушевување ја следи доминацијата на Србинот која продолжи со победа на Ју-Ес Опен.
Ѓоковиќ играше во финалињата на сите четири грен слем турнири оваа година, на три оствари триумф, а загуби тесно во она на Вимблдон кое го играше против Карлос Алкарас.
– После Вимблдон сите велеа дека ќе следи промена во светскиот тенис, но за мене не изгледаше тоа така. Беше јасно дека Ноле освои два од првите три грен слема и беше многу блиску во финалето на Вимблдон. Сега повторно покажа дека е најдобар играч во светот, па сега останува на младите да покажат дека се доволно добри за да го стигнат.
– Нема да прекине неговата доминација, мислам дека нема да сопре на 24 грен слем титули. Има многу фактори, еден од нив е некој како Алкарас дополнително да се подобри. Шпанецот е неверојатен играч, брилјира на теренот, но тоа што го прави Ноле е нешто друго. Не е исто да сте на највисоко ниво 15 или 20 седмици во една година, Новак е ист секогаш кога ќе излезе на теренот и тука е разликата. Сметам дека Алкарас набрзо ќе го достигне тоа ниво на Ноле, но исто така сметам дека ова нема да биде последен грен слем за Ѓоковиќ, – порачува Мари за „Би-Би-Си“.
-
Шпанијапред 15 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 16 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Италијапред 19 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Италијапред 18 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
НБАпред 17 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Шпанијапред 14 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд