Поврзете се со нас

ВТА

Македонските тенисерки ги добија противниците во Били Џин Кинг купот

Објавено

на

Фото: http://www.mtftennis.mk

Македонската женска тениска репрезентација ќе биде дел од групата Б на Били Џин Кинг купот, во која од утре до сабота ќе настапат шест селекции.

Мечевите во двете групи ќе се играат на терените на ТК Југ во Скопје, а Македонија како домаќин, во денешната ждрепка ги доби селекциите на Финска, Молдавија, Исланд, Албанија и Азербејџан.

Селекторот Димитар Лабудовиќ ќе смета на нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа, а во националниот тим се и Магдалена Стоилковска, Александра Симева, Ана Митевска и Ива Данева.

Мечевите секој ден ќе започнуваат од 10 часот, при што први на програмата ќе бидат двата сингл дуели во секое соочување.

Во групата А ќе се натпреваруваат Луксембург, Кипар, Црна Гора, Ерменија и Сан Марино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни