Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонските ракометари пристигнаа на втората станица, во недела следи нов спектакл против домаќинот на турнирот (Фото)

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Берлин, Ристе Влахов

По историските доживување во Диселдорф и рекордниот натпревар против селекцијата на Франција, македонскта ракометна репрезентација денеска ги спакува куферите и стигна до својата втора станица на Европското првенство.

Македонските ракометари и целиот наш екипаж пристигнаа во новата база во Берлин, а дотаму стигнаа со експресен воз и покрај тоа што германските железничари штрајкуваат во изминатите неколку дена.

Македонската Федерација се заблагодари за коректниот однос и удобниот пат до сите кои се дел од железничкиот сообраќај, па по брзата аклиматизацијата која ќе следи, Кирил Лазаров и ракометарите ќе почнат да се подготвуваат за она што следи.

Македонија во Берлин ја очекува пеколна атмосфера во „Мерцедес-Бенц арената“ во Берлин, бидејќи во недела наша втора пречка на континенталниот собир ќе биде домашната селекција Германија.

Високиот пораз од Франција мора да се архивира и да се извлечат само позитивните страни од мечот во „Меркур Шпил Арената“, но секако да се стави и фокус на концентрацијата која повторно затаи во последните 15 минути.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни