Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонските кошаркарки не успеаја да ги расипат сметките на БиХ

Објавено

на

Македонската женска кошаркарска репрезентација го доживеа и вториот пораз во квалификациите за ЕП 2023, овој пат на домашен терен и на дуелот со Босна и Херцеговина (64:80).

Одличното прво полувреме против Германија и враќањето во составот на натурализираната Бонер беа најава дека Македонија може да се надева на изненадување против фаворитот во „Кале“, но гостинките сепак се враќаат со бодовите од Скопје.

Селекцијата на БиХ уште на полувреме имаше предност од тринаесет поени, истата беше зголемена и во второто полувреме, па во последниот период македонската селекција не успеа да избегне двоцифрена негатива на крајот.

Митрашиновиќ со 24 и Трајчевска со 15 поени беа најефикасни во нашата репрезентација, додека Џоунс доминираше во составот на БиХ со 30 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни