Поврзете се со нас

Балкан

Македонецот беше клучен играч: Крстовски го матираше лидерот во Словенија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/NKDomzale

Македонскиот интернационалец, Марио Крстовски одигра клучна улога во победата на Домжале над лидерот Целје во првата лига на Словенија.

Домжале влезе во оваа средба со четири порази во низа и важеше за аутсајдер со оглед на формата на двете екипи, но домаќините водени од нашиот ас направија големо изненадување и славеа со 2-1.

Прво Крстовски одигра големо улога при првиот гол за водство, па така по неговиот удар со глава топката заврши во стативата по што му се намести на Хемпт на кого не му беше тешко да ја затресе мрежата.

Неколку минути подоцна веќе беше 2-0 и тоа благодарение на Марио кој шутираше прецизно, мајсторски со тоа што погодокот во прв момент беше пониште поради офсајд, ама со помош на ВАР беше констатирано дека се е чисто.

Ова за Македонецот беше седми лигашки гол во најсилната словенечка лига. Домжале со 26 бода е на 6. место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни