Поврзете се со нас

Македонија

Мајнов е промовиран во нов извршен директор на РК Бутел

Објавено

на

Поранешниот македонски репрезентативец, Лазо Мајнов доби голема улога во нашиот ракометен прволигаш РК Бутел Скопје.

Човекот кој во својата кариера освен во Македонија настапуваше во Хрватска, Франција, Италија, Словенија, Шпанија, Беорусија, Норвешка, Романија и Обединетите Арапски Емирати е именуван во извршен директор на клубот, а за него ќе има место и во управниот одбор.

-Сакам да се заблагодарам на управата на клубот за довербата која ми ја дадоа да бидам извршен директор на Бутел Скопје. Драго ми е што после пауза од четири години се враќа во ракометот во друга функција и тоа во клубот во кој ги имав првите чекори во ракометот. Ќе се залагаме во општина Бутел да отвориме школи во секое училиште за да го подигнеме ракометот со млади и нови таленти, порача Мајнов.

Првиот човек на Бутел, Влатко Тасевски го објасни ангажманот на некогашниот десен бек.

-Целта на ангжманот на Мајнов ни е да ја зголемиме управувачката структура во клубот, со цел подобри резултати, подобри услови и популаризација на ракометот на територија на општина Бутел. Планот ни е да отвориме школи за младински категории во три населби – Бутел, Радишани и Визбегово. Како клуб којшто се грижи за иднината на младите, преку ракометот тие ќе имаат можност да развијат физички вештини, да вежбаат, да се дружат, да се забавуваат, да научат што е тимска работа, да научат да играат фер и да ја подобрат својата самодоверба. Во однос на првата екипа, плановите се место во ТОП 3 во Суперлигата и чекор напред на европска сцена, изјави Тасевски.

Бутел во моментов е на третото место на табелета зад Вардар и Еурофарм Пелистер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни