Поврзете се со нас

Италија

Мајката на Роналдо ги фрли во транс навивачите на Спортинг: Ќе го убедам да се врати дома (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Спортинг Лисабон по пауза од две децении повторно е шампион на Португалија, успех кој донесе многу радост кај сите навивачи, поддржувачи на овој клуб.

Во таа група на симпатизери и е мајката на Кристијано Роналдо, госпоѓата Долорес Авеиро која при прославата на титулата порача дека ќе направи се за да го убеди нејзиниот син да го напушти Торино и се врати во Спортинг.

-Ќе зборувам со него, ќе го убедам да се врати во Спортинг наредната година. Среќна сум поради титулата, ќе се обидам да го убедам, -порача Долорес.

Кристијано потекнува од школата на Спортинг, потоа играше за втората и првата екипа пред да летна за Манчестер каде настапуваше во Јунајтед од каде се избори за трансфери во Реал Мадрид и Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни