Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике ги изненади новинарите со „бајката“ за Мбапе: Замислете ако…

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_Inside

Навивачите на ПСЖ веќе се соочија со фактот дека Килијан Мбапе ќе замине летово и веројатно ќе го засили Реал Мадрид, но тренерот Луис Енрике очигледно последен ќе се соочи со реалноста.

Во пресрет на дербито со Олимпик Марсеј, предводникот на ПСЖ истакнал дека верува во пресврт, односно во сценарио во кое Мбапе ќе се премисли и ќе остане во Париз.

– Не сум убеден дека ова е негово последно дерби со Марсеј.

– Јас секогаш останувам со верба дека Килијан може да се премисли, досега не кажал ништо официјално, дефинитивно може да се премисли.

– Замислете ако освоиме четири трофеи сезонава и Мбапе во последен момент одлучи да остане во Париз. Зошто да не? – рекол Енрике, кој очигледно до последно ќе верува во пресврт со иднината на најголемата ѕвезда на својата екипа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни