Поврзете се со нас

Светски првенства

Лорис го спореди неверојатното финале во Катар со друг спорт, па испрати џентлменска порака до Аргентинците

Објавено

на

Уго Лорис не можеше да направи ништо повеќе при сите три гола кои ги постигна Аргентина во финалето на Светското првенство и излезе како поразен во драматичниот пенал рулет, а по крајот на финалето, се покажа и како прв француски претставник кој излезе со изјава за домашните новинари.

Капитенот на селекцијата направи интересна споредба за одиграното финале во Катар и истото го посочи како возбудлив бокс меч, во кој двата тима си задале по неколку тешки удари, а победата можеле да замине на секоја страна.

Франција по се изгледа ја пропушти својата шанса во 123-та минута, кога Коло Муани не успеа да го совлада извонредниот Еми Мартинез кој со левата нога режираше фантастична парада.

Потоа, аргентинскиот голман беше поуспешен и во пенал рулетот, па така Франција остана пократка за одбрана на шампионската титула.

– Бевме премногу реактивни на овој натпревар. Ова беше речиси исто како бокс меч. Овој меч беше како да си задававме удар по удар, единствено жалам што сметам дека го подаривме првото полувреме. И покрај тоа, покажавме карактер и не се предадовме.

– Верувавме до крајот, а победникот го решија пеналите. Секогаш е сурово кога сте на губитничката страна во еден пенал рулет, но треба да бидеме горди бидејќи дадовме се од почеток до крај на турнирот. Не ни се насмевна среќата овојпат, ја имавме златната шанса на крајот од судиското продолжение. Тоа ќе значеше победа од 4:3, но на крајот загубивме на пенали. Таков е фудбалот, мора да им честитаме на Аргентинците кои имаа одличен турнир. Ова беше одлично финале, – изјавил Лорис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни