Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул сака играч кој само шест месеци е дел од Вулверхемптон, Лопетеги веднаш со реакција

Објавено

на

Англиските медиуми на големо шпекулираат дека од редовите на Ливерпул сериозно ја разгледуваат опцијата да го ангажираат Матеус Нуњеш од Вулверхемптон.

Играчот од средниот ред пристигна на „Мулину“ во летниот преоден рок и засега прикажува сосема солидни партии со кои го привлече и вниманието на тимот на Ливерпул.

Јирген Клоп има мака со средниот ред и никако не може да состави стабилна средина која ќе го носи товарот на натпреварите. Токму затоа било посочено да се ангажира Нуњеш кој нема да биде евтина и лесна опција за ангажман во јануари.

Тоа го посочи и Жулен Лопетеги кој истакна дека  Вулверхемптон нема намера да го продава играчот во јануари.

– Можеме да кажеме дека Матеуш е наш играч и дека е многу среќен што е во Вулверхемптон, -кратко изјави Лопетеги кој потврди дека клубот од „Мулину“ нема лесно да се откаже од играчот кој го ангажираа пред само шест месеци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни