Поврзете се со нас

Франција

Лион го испрати нервозниот Боатенг на „ладење“

Објавено

на

Џером Боатенг пристигна во Лион како големо засилување за одбраната, но фудбалските квалитети на екс играчот на Баерн Минхен сега се во втор план поради неговото несоодветно однесување.

Тренерот Петер Бош не го повикал Боатенг за настап на дуелот против Ница, а одлуката е повеќе дисциплинска казна, отколку решение од спортски карактер.

„Лекип“ пренесува дека изминатиов период Боатенг предизвикал тензија во повеќе ситуации, влегувајќи во конфликт со неколку соиграчи, меѓу кои и Лео Дубоа, Рајан Шерки и Бруно Гимараеш, кој во меѓувреме се пресели во Њукасл.

Дополнително, Боатенг пред соиграчите имал замерки и за тактичките решенија на тренерот Бош, па на крајот заврши со слободен викенд и вечерва нема да настапи на дербито во француското првенство.

Дефанзивецот дојде во Лион откако му истече договорот со Баерн, а сезонава има 19 настапи за својот нов тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни