Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски и Фати доминираа, Барселона го победи Реал Сосиедад (Видео)

Објавено

на

Барселона одигра фуриозно второ полувреме во Сан Себастијан и стигна до убедлива победа над Реал Сосиедад (1:4).

Роберт Левандовски проработе на денот на кој го прославува 34. роденден, постигнувајќи два гола во мрежата на домаќините, со што ги постигна првите погодоци во Ла Лига.

Резултатот беше отворен од Полјакот уште во 1. минута, но пет минути подоцна, Исак израмни, а тој резултат не се промени во првиот дел.

Барселона поведе повторно во 66. минута преку Дембеле, додека две минути подоцна Левандовски зголеми на 1:3.

Точка на натпреварот стави Фати во 79. минута, кој по две асистенции за претходните голови, реализираше поставувајќи ги конечните 1:4, за прва победа на Барселона во новата сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни