Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски чести за роденден, погоди првпат во дресот на Барселона (Видео)

Објавено

на

Роберт Левандовски не најде начин да го совлада Столе Димитриевски на дуелот со Рајо во првото коло на Ла Лига, но вечерва му требаше само една минута да го постигне првиот гол во дресот на Барселона.

Големото засилување на Каталонците донесе водство против Реал Сосиедад по неполна минута од стартот, со што на најдобар начин ја најави роденденската претстава, на денот на кој го слави 34. роденден.

Полјакот доби асистенција од младиот Балде и рутински реализираше, но Реал Сосиедад израмни преку Исак само пет минути подоцна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни