Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски блескаше на роденденот, судијата Мунуера со еден коментар го изнасмеа на крајот на натпреварот (ВИДЕО)

Објавено

на

Барселона дојде до првата победа во новата сезона во Примера и тоа на тешкото гостување во Баскија каде го доби тимот на Реал Сосиедад со 4-1.

Каталонците се соочија со мотивиран и незгоден противник, но тимски одговорија на предизвикот за славје во Сан Себастијан. Свој печат во победата остави Роберт Левандовски кој даде два гола кои беа први негови во новата средина, погодоци со кои на најдобар можен начин го прослави 34 роденден.

Полјакот беше прогласен за играч на натпреварот, а по последниот судиски свиреж тој имаше краток, но интересен разговор со судијата Хосе Луис Мунуера Монтеро. Мунуера Монтеро беа расположен, па со неколку зборови го насмеа голгетерот на Барселона.

-Ти посакувам се најдобро. Внимавај со часовникот, -истакна судијата алудирајќи на непријатната епизода која Левандовски ја имаше пред неколку денови кога му беше украден луксузен часовник вреден околу 70.000 евра.

Тензично добредојде за Лева во Барселона: Полјакот ограбен од навивачите на клубот

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни