Поврзете се со нас

Шпанија

Тензично добредојде за Лева во Барселона: Полјакот ограбен од навивачите на клубот

Објавено

на

Новиот напаѓач на Барслеона, Роберт Левандовски се соочи со непријатности уште на стартот на својата авантура во шпанскиот клуб.

Имено, Полјакот бил ограбен од навивачите на Барселона пред тренинг центарот на клубот.

Левандовски застанал да се фотографира и да подели автограми на фановите на Барселона, а еден од присутните тоа го искористил и го ограбил познатиот фудбалер.

Каталонските медиуми пренесуваат дека Левандовски останал без својот луксузен часовник вреден околу 70.000 евра.

За работата да не застане само на часовникот се погрижиле други двајца навивачи кои се обиделе да го земат мобилниот телефон на Левандовски, но фудбалерот успеал да се одбрани и да го задржи барем него.

Полицијата брзо ги уапсила сторителите кои сакале да го украдат телефонот, но се уште не го фатила човекот кој си заминал со вреден часовник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни