Поврзете се со нас

Балкан

Ледеј објасни зошто потпиша нов договор со Партизан

Објавено

на

foto:twitter.com/PartizanBC

Зек Ледеј е еден од играчите кој одигра многу важна улога во резултатите на Партизан во мината сезона, сезона во која „црно-белите“ ја освоија АБА лигата, додека во Евролигата за „влакно“ останаа без пласман на завршниот турнир во Каунас.

Овие резултати, партии на играчите го привлекоа интересот на другите екипи, па Ледеј имаше понуди за промена на клупската средина, но и тој како капитенот Кевин Пантер се одлучи да потпиша нов договор и со тоа да му остане верен на проектот предводен од најтрофејниот европски стратег, Жељко Обрадовиќ.

Партизан договори продолжување на соработката со уште еден член на шампионската генерација

-Секако дека одлуката на Кевин имаше одредено влијание и врз мојата. Сепак, клучни беа амбициите на клубот. Главен фактор беше желбата на клубот да го нападне фајналфорот. Она што е важно е што останав во Партизан. Единствено што ме интересира се пречките на патот до зацртаната цел и како да се надминат. Ви благодарам за за сета поддршка што ни ја дадовте. Одиме понатаму, уште посилно, -порача Ледеј за „Телеспорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни