Поврзете се со нас

Балкан

Партизан договори продолжување на соработката со уште еден член на шампионската генерација

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Екипата на Партизан по подолго време успеа да слави во АБА регионалната лига што дефинитивно е потврда дека клубот се движи во позитивен правец под водство на Жељко Обрадовиќ.

Меѓутоа кошаркатата секогаш ја пратат немирни води и знае да биде многу тешко таа победничка група да се задржи на едно место, па веќе видовме како од Партизан веќе си заминаа Матија Лесор (Панатинаикос) и Данте Егзум (Далас Маверикс).

Ама има и играчи кои ќе останат, па така прв нога повлече капитенот Кевин Пантер кој потпиша нов договор за да сега клубот информира дека истото го направил и Зек Ледеј.

Ледеј беше еден од најклучните играчи на Партизан низ целата сезона и неговиот двегодишен договор е многу важна вест за тимот од Белград.

Тој во Евролигата имаше учинок од 11,4 поени и 5,1 скок, а во АБА лигата 10 поени и 4 скокови по натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни