Поврзете се со нас

Европски првенства

Лазаров за еден од послабите сегменти во играта на премиерата: Очекувам подобрување против Германија

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Берлин, Ристе Влахов

Македонската ракометна репрезентација се пресели во Берлин и таму ги продолжува подготовките за вториот натпревар на Европското првенство, на кој противник ни е домаќинот Германија.

Селекторот Кире Лазаров денеска зборуваше пред новинарите и истакна дел од заклучоците од анализата по првиот натпревар со Франција, како и она што го очекува од втората средба на турнирот. Како главни сегменти за корекција, Лазаров ја истекна концентрацијата во текот на целиот натпревар, намалување на техничките грешки и поцврста игра во одбрана.

– Мислам дека ни се добредојдени овие два-три дена, добро е што според распоредот го одигравме првиот натпревар на 10. јануари, инаку ќе беше многу тешко да играме со селекции како Франција и Германија во два дена. Одморот е добар за да се подготвиме подобро и поспремни да влеземе во тој дуел со Германија.

– Направивме анализа на дуелот со Франција и повторно останува впечатокот дека незаслужено загубивме со толкава разлика. Утврдивме дека сме имале 20 технички грешки, тоа значи 20 продадени топки, а против една Франција тоа е премногу. Деновиве мора да бидеме пофокусирани, попрецизни во сите сегменти на ракометната игра ако сакаме да се носиме со овој тип противници.

– Првото полувреме беше квалитетно, дури и кога не стигнуваа резултатски ние промашувавме зицери и правевме технички грешки. Требаше да имаме подобар резултат и на полувреме, а исто така примивме два гола во последните секунди од двете полувремиња, нешто што не смееме да си го дозволиме. За некого 60 минути се малку, но против вакви репрезентации тоа е многу време, делуваат како 180 минути.

– Се сложувам со критиките на јавноста дека треба да бидеме поцврсти во одбрана. Не успевавме да ги стопираме нивните први налети и се сложувам со критиките дека мора поцврсто, да има повеќе контакт и прекини, да го носиме противникот во пасивни напади. Очекувам да бидеме на повисоко ниво во тој сегмент, – истакна Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни