Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта се огласи за застрашувачките бројки од договорот на капитенот: Вчера му испратив порака на Меси

Објавено

на

Жоан Лапорта е главен фаворит за победа на претседателските избори во Барселона кои најверојатно ќе се одржат во месец март откако беа одложени при крајот на јануари, а како таков, сега почувствува одговорност да му се обрати на човекот кој стана топ тема во јавноста поради филтрирање на информација која го става Лионел Меси во незавидна ситуација.

Познатиот весник „Ел Мундо“ вчера и обелодени на јавноста дека Меси заработил вртоглави 555 милиони евра од последниот четиригодишен договор од Барселона и тоа е многу повеќе од тоа што го има објавено клубот, вест во која беа откриени сите бонуси кои ги добива Аргентинецот и кои речиси достигнуваат иста вредност како неговата плата.

Барселона веднаш се јави со соопштение за пренесениот официјален документ во јавноста и со најавената тужба потврди дека доверливата информација е точна, но додека се истражува кој од клубот ја издал оваа вест на весникот, Лапорта се обидува да го смири капитенот кој размислува дали има иднина во клубот од „Камп Ноу“.

– Вчера му испратив порака на Меси и го поддржав во секој поглед. Му порачав да не обрнува внимание на овие вести кои излегоа во јавноста. Јас имам информации дека се чувствува добро во Барселона и дека има желба да остане. Она што е потребно е следното: Меси треба да добие проект во кој ќе верува, сака понуда која ќе му понуди напредок на спортски план.

– Смешни се споредбите за сумата која ја добива. Меси генерира третина од сите приходи кои ги добива Барселона, Меси не го уништи клубот, клубот го уништи неспособната управа која ја загуби финансиската дисциплина и која почна да го губи сенсот со продажбата на Нејмар. Од десет дреса кои се продаваат, осум се од Меси, не треба да говорам дополнително. Јасно е дека некој ја издаде информацијата за Меси, ако победам, ќе го прашам и Тебас дали има информации за тоа и ќе има последици, – најави Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни