Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лапорта ја испрати првата порака по елиминацијата на Барселона од ЛШ: Знаевме дека во овој период…

Објавено

на

Барселона претрпе уште еден убедлив пораз во пресметките со Баерн Минхен (3-0), но истиот во овој случај немаше некое значење затоа што домаќините доживеаа удар пред самиот меч, односно дознаа дека се елиминирани од Лигата на шампионите.

Имено Интер не направи грешки, не се случи никакво чудо во Милано каде калолигашот славеше со 4-0 над Плзен и го обезбеди билетот за осминафиналето. Ваквиот резултат донесе разочарување кај играчите на Чави Ернандес кои потоа одиграа под нивото против Баерн и со тоа покажаа дека мора уште да работат за да бидат вистински конкуренти во ЛШ.

-За нас беше комплицирано. Заедно го гледавме мечот со Интер и беше мачење. Немаше чудо, ама мораме да продолжиме со верба и желба се повеќе да напредуваме, -истакна претседателот Жоан Лапорта.

-Мораме да им се заблагодариме на навивачите, во многу тежок натпревар за играње, тие ги охрабрија играчите и тимот и затоа што ги имаме најдобрите навивачи во светот. Овој меч беше емоционално тежок за играње.

-Сега треба да гледаме напред, ја имаме Ла Лига и други натпреварувања, знаевме дека во овој период на реконструкција ќе има подеми и падови. Мораме да растеме секој ден, -заклучи Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни