Поврзете се со нас

Германија

Лајпциг со „петка“ ги потопи „јарците“ од Келн (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/RBLeipzig_EN

Фудбалерите на РБ Лајпциг остварија убедлив триумф над Келн од 5-1 во премиерната средба од 26. коло од германската Бундеслигата.

Гостите важеа за фаворити на хартија, статус кој го оправдаа и на теренот со убедливо издание со кое одново се пред Борусија Дортмунд на табелата, поточно до недела најмалку ќе бидат на четвртата позиција.

Првиот дел донесе по еден гол на двете страни, Симонс донесе радост за „биковите“, а Адамјан возврати во 18 минута. Меѓутоа во второто полувреме се се движеше во еден правец кога се во прашање погодоците, па така Опенда (2), Хаидара и резервистот Поулсен погодија за „петарда“ во мрежата на домаќинот.

Нашиот Елиф Елмас остана на клупата за резерви на овој натпревар.

Лајпциг во првиот меч по репрезентативната пауза ќе се соочи со Мајнц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни